BIRO PLUS DOO Скопје е познато и етаблирано правно лице во Македонија во областа на сметководствените услуги. Ваквата дејност ја превземаме согласно Законот за трговски друштва, Законот за сметководствени работи, Прифатените МСС и МСФИ како и долгогодишното искуство во оваа дејност.


Денес со 7 (седум) постојано вработени овластени сметководители и низа надворешни специјализирани по области соработници ги опслужуваме клиентите давајќи пред се сериозна нота на пристапот кон работата. Прокламираните висококвалитетни услуги од областа на сметководството се должат на професионалниот тим и континуирано следење на законската сфера.